Почеток СПОРТ „Пукнаа“ првите 100-ки во второлигашката кошаркарска конкуренција

„Пукнаа“ првите 100-ки во второлигашката кошаркарска конкуренција

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во Втората машка кошаркарска лига ги забележавме првите натпревари на кои екипи постигнаа над 100 поени.

Тоа се случи на дуелите од 2.коло во Маџари и СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Фаворитот за највисок пласман екипата на Маџари лесно ја прослави првата победа на домашен терен (вкупно втора). Избраниците на Тодоровиќ го совладаа составот на Струга со убедливи 109-72. Гостите од Струга беа рамноправен противник само во дел од првиот период, по што на теренот како да постоеше само една екипа.

Втората 100-ка ја впишаа младите кошаркари на Работнички 2 кои во дуелот на гостински терен го победија Водно Санс со 111-81.

Победни на домашен терен остварија екипите на Ангели против Охрид и МЗТ Скопје УБ над Бутел.

Колото ќе биде комплетирано денеска со натпреварите во Струмица и Штип.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 2.коло

Сабота
МАЏАРИ – ЦРН ДРИМ 109-72
ВОДНО САНС – РАБОТНИЧКИ 2 81-111
АНГЕЛИ – ОХРИД 83-59
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – БУТЕЛ 81-75
Недела
16.30 АКАДЕМИЈА ФМП – БОРЕЦ БАСКЕТ
18.00 СОКОЛИ – МЕГА БАСКЕТ

The post „Пукнаа“ првите 100-ки во второлигашката кошаркарска конкуренција appeared first on .

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro