Почеток Без налог инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднаа и извршија масакр врз птиците, велат од скопската зоолошка

Без налог инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднаа и извршија масакр врз птиците, велат од скопската зоолошка

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Скопската Зоолошка градина се огласи со соопштение.

„Од изутринава без налог, решение или било каков друг доказ инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднаа во ЗОО Скопје и извршија масакр врз птиците. Без образложение, овие лица по наредба на диркторот на АХВ, а без доказ до овој момент убија неколку десетици птици кои слободно се шетаа во зоолошката градина. Станува збор за украсни видови на шатки и гуски кои живеат во градскиот парк, а имаат природен пристап во зоолошката градина од градскиот парк. Целта на оваа секташка политика е да се предизвика нов измислен проблем, и да се обезбеди алиби за затварање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот. За ова дело ЗОО Скопје ќе поднесат кривични пријави против директорот на АХВ како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа во ЗОО Скопје“, пишува во соопштението на Скопската зоолошка.

Претходно, поранешниот директор на институцијата, Ѓорѓи Галетановски, на ФБ објави дека е најдена смртоносна бактерија.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков во свој пост на Фејсбук пишува: „Скопје ЗОО од утрово е затворена за посетители! Истото тоа е по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство под сомнение за опасни вируси! Во моментов инспектори и доктори по ветерина се внатре со скафандери и работат на утврдувањето. Повеќе детали официјално чекаме од АХВ и Град Скопје“.

Наскоро очекуваме став и од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Текстот Без налог инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднаа и извршија масакр врз птиците, велат од скопската зоолошка е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro