Почеток БАЛКАН Косовската полиција ја затвори паралелната српска општина Србица во северно Косово

Косовската полиција ја затвори паралелната српска општина Србица во северно Косово

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Косовската полиција упадна денеска во објектот на паралелната општина Србица (Скендерај), која се наоѓа на северот од државата, населен со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина.
Заменик-директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Ељшани изјави за медиумите дека, во координација со државниот обвинител, е преземана акција за затворање на оваа паралелна српска општина.
„Денеска при полициски проверки на терен дојдовме до информација дека паралелната општина Србица е активна на територијата на Северна Митровица. Се консултиравме со обвинителот кој го има случајот со паралелните општини на север и во координација со него влеговме во оваа зграда и се занимаваме со случајот. Најверојатно ќе биде затворена“, рече Елшани.
Косовскиот портал на српски јазик КоССев објави фотографии од местото на настанот, на кои се гледа дека во објектот се присутни и припадници на Мисијата на Европската унија за владеење на правдата, ЕУЛЕКС.
Пред една недела беа затворени и други четири паралелни српски општини кои беа функционални на косовскиот север – Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.

The post Косовската полиција ја затвори паралелната српска општина Србица во северно Косово appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro