Почеток СВЕТ Унгарија не го поддржува планот за победа на Зеленски: „Тоа е најкраткиот пат до трета светска војна“

Унгарија не го поддржува планот за победа на Зеленски: „Тоа е најкраткиот пат до трета светска војна“

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Унгарија не го поддржува „Планот за победа“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски бидејќи тоа е најкраткиот пат до Третата светска војна, изјави денеска Балаж Орбан, политички директор на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој на Фејсбук напиша дека планот подразбира ескалација на конфликтот и вклучување на земјите од НАТО во него, што Унгарија не го прифаќа, бидејќи смета дека ЕУ треба да ја промени својата стратегија во мирна.

Претходно, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека планот на Зеленски го „ежи“, дека ЕУ треба да ја промени својата стратегија и да започне мирно решавање на конфликтот во Украина.

Зеленски во средата го претстави „Планот за победа“ пред украинскиот парламент, а вчера и пред Европскиот совет.

Документот содржи пет точки и три тајни анекси.

Првата точка подразбира покана на Украина во НАТО со последователно членство, втората – укинување на ограничувањата за напади со оружје со долг дострел на руска територија, третата – распоредување во Украина „сеопфатен ненуклеарен пакет за одвраќање“ на Русија.

Зеленски нагласи дека спроведувањето на планот „зависи од партнерите“.

Текстот Унгарија не го поддржува планот за победа на Зеленски: „Тоа е најкраткиот пат до трета светска војна“ е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro