Почеток БАЛКАН Јотова: Лично ги видов документите на Божиновска во кои таа изјавува дека има бугарска самосвест

Јотова: Лично ги видов документите на Божиновска во кои таа изјавува дека има бугарска самосвест

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова тврди дека лично ги видела документите на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во кои таа изјавува дека има бугарска самосвест и потекло, јавува БТА.

Илијана Јотова во обраќање од Ќустендил ги повика и своите македонски колеги со поголемо разбирање да ги читаат европските вредности.

Таа кажа дека почитувањето на човековите права е клучно во преговорите за членство во ЕУ, особено во првото поглавје.

Јотова рече дека ако една земја членка смета дека од страна на земјата кандидат не се почитуваат човековите права и правата на малцинствата, процесот кон ЕУ не може да продолжи.

Текстот Јотова: Лично ги видов документите на Божиновска во кои таа изјавува дека има бугарска самосвест е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro