Почеток КУЛТУРА „Браќа Манаки“: „Состојба на умот“ од кинематограферот Душан Кардалевски и во режија на Александра Кардалевска денеска во киното „Манаки“

„Браќа Манаки“: „Состојба на умот“ од кинематограферот Душан Кардалевски и во режија на Александра Кардалевска денеска во киното „Манаки“

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

„Состојба на умот“, штотуку го почна своето фестивалско патување, досега имаше повеќе од 15 селекции и две награди за најдобра кинематографија за Душан Кардалевски на фестивали во Романија и Бразил.

Краткометражниот филм „Состојба на умот“ (Frame of Mind) ќе биде прикажан денеска во 17 часот во киното „Манаки“ како дел официјалната краткометражна програма во компетиција за наградата „Златна камера 300“.

„Состојба на умот“ штотуку го почна своето фестивалско патување, досега имаше повеќе од 15 селекции и две награди за најдобра кинематографија за Душан Кардалевски на фестивали во Романија и Бразил.

„Чест е да се има ова дело на токму ваков фестивал што ги вреднува кинематографските квалитети, кои веќе беа забележани во други земји. Филмот зборува за едноставна, но универзална приказна, за љубовта, загубата…“, велат авторите.

На денешната краткометражна програма ќе бидат прикажани и „Вистинската вистина за борбата“ на Алана Мехија Гонзалес, „Овца“ на Адиб Собхани. „Оддалечување“ Петер Колањи и „Добро момче“ на Кинан Масарани.

По проекциите, публиката ќе има можност за дискусија (Q&A).

Текстот „Браќа Манаки“: „Состојба на умот“ од кинематограферот Душан Кардалевски и во режија на Александра Кардалевска денеска во киното „Манаки“ е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro