Почеток (Видео) Кејт Миделтон со порака по завршувањето со хемотерапии: Ракот не научи да бидеме благодарни за едноставните, но важни работи во животот

(Видео) Кејт Миделтон со порака по завршувањето со хемотерапии: Ракот не научи да бидеме благодарни за едноставните, но важни работи во животот

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Кралското семејство преку социјалните мрежи објави дека принцезата од Велс, Кејт Миделтон го завршила третманот со хемотерапии. Преку видео, Миделтон објаснува низ каков процес таа и нејзиното семејство поминале за овие девет месеци, а истовремено дава поддршка и на сите оние кои се борат со рак.

„Последните девет месеци беа неверојатно тешки за нас како семејство. Животот како што знаете може да се смени за миг и моравме да најдеме начин да се движиме по бурните води и непознатиот пат. Патувањето со ракот е сложено, застрашувачко и непредвидливо за сите, особено за најблиските,“ вели Миделтон.

Таа додава дека болеста ве доведува лице в лице со ранливоста на начин на кој дотогаш не сте размислувале, но отвора и нови перспективи.

„Вилијам и мене не потсети да размислуваме и да бидеме благодарни за едноставните, но важни работи во животот, кои многумина од нас често ги земаат здраво за готово. Едноставно да сакаш и да бидеш сакан,“ додава Миделтон, чија што цел, како што вели е да остане здрава.

Иако завршила со хемотерапија, вели дека нејзиниот пат до заздравување и целосно закрепнување е долг.

„Сепак, со нетрпение очекувам да се вратам на работа и да преземам уште неколку јавни ангажмани во наредните месеци кога ќе можам,“ додава Миделтон.

Семејството ја изрази благодарноста за секоја поддршка, љубезност и емпатија. Во следната фаза на закрепнување, вели дека влегува со надеж и ценење на животот.

„До сите оние кои го продолжуваат сопственото патување против ракот – останувам со вас, рамо до рамо, рака под рака. Од темнината, може да излезе светлина, па нека таа светлина свети силно,“ порача принцезата од Велс.

Фото/видео: Кралско семејство

The post (Видео) Кејт Миделтон со порака по завршувањето со хемотерапии: Ракот не научи да бидеме благодарни за едноставните, но важни работи во животот appeared first on еМагазин.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro