Немаше индиции дека девојчето е киднапирано. Иако мајката првично напишала дека Вања е киднапирана, па подоцна ја изменила пораката, рече началникот Дејан Димовски oд одделот за насилен криминал и крвни деликти во СВР Скопје на прашање на адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, како претпоставувал дека девојчето е киднапирано.
Еднаш имала обид и да се исече со тврд предмет по расправија со родителите. На тоа ја потсетила помалата ќерка Миња која присустувала на разговор меѓу мајката и полицијата. Зорица кажа и дека го знаела виртуелниот дечко на ќерката и еднаш присустувала на нивна караница преку компјутер. Станувало збор за момче околу 18 години на чии профил имало знамиња на ИСИС. Со него Вања интензивно се допишувала, рече началникот.
Вања имала виртуелен дечко од Шведска на чиј профил имало знамиња од ИСИС
Началникот додека траела потрагата го прашал Александар што му значела пораката во училишната група на Вања во која се спменувал откуп.
Ништо, по грешка, одговорил Александар.
The post Вања еднаш се обидела да се исече со тврд предмет, открила помалата ќерка, а мајката потвдила appeared first on Република.