Почеток Вања беше како жива, солзи ни дојдоа на очите: Началник на СВР раскажа дека полицајците биле шокирани кога било пронајдено нејзиното тело

Вања беше како жива, солзи ни дојдоа на очите: Началник на СВР раскажа дека полицајците биле шокирани кога било пронајдено нејзиното тело

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Дејан Димовски, началник на единицата за насилен криминал во СВР Скопје на денешното рочиште за судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, меѓудругото во судницата сподели и детали за тоа како било пронајдено нејзиното тело до кое ги однел еден од обвинетите Влатко Кешишев.

„Почнавме да копаме и осетивме дека е ровка земјата и дека пропаѓа. Кешишев не сакаше ниту да гледа, се сврте со грбот. Дојде колегата и ни кажа дека Кешишев му рекол дека тука е маленкото, девојчето Вања. Го викнавме да копа и тој со нас. Дојде зема стап и копаше. Потоа пак се помести.

Кога дојдовме до телото шок, солзи ни дојдоа на очи“, рече тој, посочувајќи дека Вања изгледала бледо, но како да е жива.

„Девојчето беше како живо. Рацете и беа врзани позади и нозете со стеги. И на устата имаше лента. Други знаци на насилство не видовме“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинетите Манев и Видевски посочиле на вмешаност на таткото на Вања

Таткото на Вања по нејзиното исчезнување се движел кон Александар Палас и Качанички пат, откри началник на СВР

Вања имала виртуелно момче од Шведска кое на профил имало знамиња на ИСИС, полицијата не нашла поврзаност, изгубила два дена во проверки

Фото: Влада

The post Вања беше како жива, солзи ни дојдоа на очите: Началник на СВР раскажа дека полицајците биле шокирани кога било пронајдено нејзиното тело appeared first on еМагазин.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro