Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЖивот Работилница за редизајн на ранец во „Јавна соба“

Работилница за редизајн на ранец во „Јавна соба“

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во „Јавна соба“ денеска ќе се одржи работилница за редизајн на ранец која се реализира во соработка со „Литература.мк“ и е наменета за млади креативци и талентирани дизајнери. На работилницата ќе има 20 учесници за кои повикот траеше до 10 октомври.

Под менторство на познатата модна креаторка и професорка Лидија Георгиева, тие ќе редизајнираат ранци, инспирирани од темата на годинашното издание на Skopje Design Week „Чиста мобилност“ како напреден пристап кон почиста, подобра и поефикасна непосредна околина, земја, континент. Во рамките на работилницата дополнително ќе се работи и на редизајн на маица, соопштија организаторите.

Редизајнираните ранци и маици ќе бидат изложени во „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“ за време на претстојното издание на „Skopje Design Week“, од 6 до 11 ноември. Изложбата ќе биде од продажен карактер.

The post Работилница за редизајн на ранец во „Јавна соба“ appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro