Почеток КУЛТУРАСцена По трагичниот инцидент – Хари Стајлс се збогувал со пријателот Лијам Пејн во емотивна објава: „Засекогаш ќе ми недостига“

По трагичниот инцидент – Хари Стајлс се збогувал со пријателот Лијам Пејн во емотивна објава: „Засекогаш ќе ми недостига“

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

По официјалното објава на One Direction за емотивното збогување на Зејн Малик и Луис Томлинсон, Хари Стајлс проговорил за трагичната смрт на нивниот драг пријател и колега, Лијам Пејн.
Во емотивна изјава, Хари Стајлс се простил од својот пријател и колега од бендот One Direction, Лијам Пејн, кој почина на 31-годишна возраст по трагичен пад од третиот кат на хотел во Буенос Аирес.
Стајлс ја изразил својата длабока тага, пишувајќи: „Неговата најголема среќа беше што ги прави другите среќни, и беше вистинско задоволство да се биде со него додека го правеше тоа. Лијам го живееше својот живот искрено, отворено ги изразуваше своите емоции и имаше неверојатна енергија која беше заразна. Тој беше прекрасна личност, полн со поддршка и љубов. Годините што ги поминавме заедно секогаш ќе бидат на посебно место во моето срце. Засекогаш ќе ми недостига“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @harrystyles

Хари, исто така, изразил сочувство до семејството на починатиот: „Моето срце е со Карен, Џеф, Никола и Рут, неговиот син Беар, и до сите оние ширум светот кои го познаваа и го сакаа“.
Исто така, членовите на поранешниот бој бенд со кој се прослави Лијам Пејн, се простија во заедничка објава преку Инстаграм.

„Целосно сме уништени од веста за смртта на Лиам. Ќе кажеме повеќе, со време, кога ќе можеме. Сега ќе одвоиме малку време да тагуваме и да ја преболиме загубата на нашиот брат, кого неизмерно го сакавме. Спомените на него ќе бидат скапоцени. Нашите мисли засекогаш се со неговите семејни пријатели и обожаватели кои, на кои како и нам, многу ќе ни недостигаш: Те сакаме Лијам.
Потсетуваме, Лијам Пејн трагично загина по пад од балкон на хотел во Аргентина.

Фото: Принтскрин/Twitter

The post По трагичниот инцидент – Хари Стајлс се збогувал со пријателот Лијам Пејн во емотивна објава: „Засекогаш ќе ми недостига“ appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro