Рафаел Надал донесе одлука да се пензионира, со што ќе стави крај на прекрасната кариера.
Тенискиот свет беше шокиран, веста предизвика лавина од емоции, како кај навивачите, така и кај самите тенисери, но и кај многу други спортисти кои му оддадоа големо признание за неговата богата тениска кариера.
Во морето пораки се појави стара, речиси заборавена слика. Уште во 2010 година во Богота играле Рафа Надал и Новак Ѓоковиќ. Тоа бил егзибициски натпревар и самата слика е од тој период. А светлината на денот ја виде токму во моментот на заминување на Рафа, на социјалната мрежа „Х“.
What a Picture
pic.twitter.com/kkYWz7LObD
— SK (@Djoko_UTD) October 10, 2024
Секогаш со насмевки на лицето, расположен и секогаш во пријателски односи, иако лути ривали на теренот.
Фото: Архива
The post (ФОТО) НАСМЕВКИ КОИ ВЕЌЕ ГИ НЕМА: Се појави заборавена фотографија од Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал appeared first on ekran.