Октомври е месец на подигање на свеста за семејното насилство, па по тој повод, Книжевен клуб – Куманово, во соработка со општинскиот младински центар MultiКулти – Куманово, организира целодневен настан – „Ова завршува со нас: филм и дискусија за семејно насилство“.
Настанот ќе се одржи на 19 октомври 2024 година (сабота), во просториите на младинскиот центар MultiКулти, со почеток во 16:00 часот.
Агенда:
12.00: онлајн кампања
16.00: проекција на филм
18.30: дискусија со стручни лица за книгата: „Ова завршува со нас“ од Колин Хувер, опфаќајќи ја темата од книжевен и психолошки аспект.
Ве очекуваме!
The post Ова завршува со нас – филм и дискусија за семејното насилство appeared first on ekran.