Почеток Појадок со Хемо-Онко – Заедно во превенција и свест за рак на дојката

Појадок со Хемо-Онко – Заедно во превенција и свест за рак на дојката

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Придружете ни се во Октомври – месецот за подигнување на свесноста за рак на дојка! По тој повод, ве покануваме на настанот кој ќе се одржи на 19 октомври (сабота), на Школка, Градски парк, со почеток во 11:15 часот.

Здружението ХЕМА-ОНКО, Здружение посветено на пациенти со рак и нивни негуватели, во кое голем дел од членовите се Пеперутките – жени со рак на дојка, оваа година одлучи во РОЗОВИОТ МЕСЕЦ ОКТОМВРИ да ве покани на настан на кој ќе имате можност да бидете подеднакво значаен дел од истиот, да слушнете едукативни содржини од страна на наши доктори-онколози, практично применливи содржини во кои можете да земете активно учество и да доживеете едно ново искуство во однос на советување и лајф коучинг, да учествувате во хуманитарен базар, да добиете симболични подароци и да уживате во прекрасна музика. Настанот ќе го води нашиот познат актер Игор Ангелов.

Со вашето присуство ќе дадете поддршка на сите жени со рак на дојка во борбата за подигнување на свесноста за оваа болест, поддршка во превенцијата и раната дијагностика!

Агенда за настанот:

11:45-12:00 ч. – Воведна најава за настанот – Игор Ангелов
12:00-12:30 ч. – Настап на женски хор ФРИДА (под раководство на уметничкиот директор и диригент – Сузана Турунџиева)
12:30-12:40 ч. – Претставување на ХЕМА-ОНКО Пеперутки – Игор Ангелов
12:40-12:50 ч. – Обраќање до присутните од ХЕМА-ОНКО Пеперутки
12:50-13:05 ч. – Едукативно обраќање – Асс. Д-р Гордана Петковска – ЈЗУ УК за Радиотерапија и Онкологија
13:05-13:20 ч. – Едукативно обраќање – Др. Даниела Попоска (специјалист по онкологија и радиотерапија од Аџибадем Систина)
13:20-13:35 ч. – Мотивациски говор – Др. Жарко Костиќ
13:35-13:50 ч. – Магистер по јавно здравје – Др. Митов
13:50-14:00 ч. – Едукативно обраќање – Асс. Д-р Наташа Толеска Димитровска, специјалист по торакална хирургија
14:00-14:10 ч. – Новинар, ТВ водител и негувател – Јулија Мациевска
14:10-14:30 ч. – Настап на Зоран Рудан Цеки (музичар, пејач, кантавтор)

The post Појадок со Хемо-Онко – Заедно во превенција и свест за рак на дојката appeared first on ekran.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro