Почеток „Ноќта на истражувачите“ – три работилници за деца вечерва во Europe House Скопје

„Ноќта на истражувачите“ – три работилници за деца вечерва во Europe House Скопје

umno.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во просториите на Europe House во Скопје денеска ќе се одржат работилници за деца во три различни категории. Работилниците се во рамките на „Ноќта на истражувачите“, Европска иницијатива која прв пат е воведена во 2005 година за помогне во општото разбирање за важноста на истражувачката работа и да ја промовира истражувачката работа со тоа што ќе ја доближи до пошироката јавност. Иницијативата е во соработка со Центарот за иновации „Наука за деца“. Може да учествуваат деца од сите возрасти, но неопходно е да се потврди присуството на ЛИНКОТ. Работилниците се ограничени до 15 деца.

1. „Сите бои на печатените книги“, за најмалите (5-6 год), од 17.30 до 18.30 часот.

Во оваа работилница низ различни активности децата се запознаваат со мешање на боите и кои се боите кои се користат за печатење на книгите. Работилницата финишира со една интерактивна сликовница за бои.

2. „Мостот на Да Винчи и хексафлексагон“, за деца од 7 до 9 години, од 18.30 до 19.30 часот.

На оваа работилница децата ќе се запознаат со уникатната техника за правење мост на Да Винчи, ќе го направат мостот и ќе истражуваат колку тежина може да поднесе пред да се растури. Потоа, вториот дел се однесува на хексафлексагонот – математично оригами што има повеќе од две лица.

3. „Моќта на магнетите“, за деца од 9 до 12 години, од 19.30 дo 20.30 часот

Низ различни експерименти децата дискутираат за магнетите, поствавуваат хипотези, донесуваат заклучоци. Магнетите ќе им бидат на располагање, така што и самите ќе можат да испробаат различни работи. Работилницата завршува со интересна презентација на скенови на овошја и зеленчуци направени со магнетна резонанца.

The post „Ноќта на истражувачите“ – три работилници за деца вечерва во Europe House Скопје first appeared on УМНО.МК.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro