Италијанската премиерка Џорџа Мелони синоќа кратко ја коментираше смртта на лидерот на Хамас Јахја Синвар и порача дека веднаш треба да се прогласи прекин на огнот.
„Мислам дека сега треба да започне нова фаза. Време е сите заложници да бидат ослободени и веднаш да се прогласи прекин на огнот и да се започне со реконструкција на Газа“, изјави таа, пренесе „АНСА“.
Таа додаде дека Италија ќе продолжи да ги поддржува сите напори во таа насока и продолжување на сериозен и кредибилен процес кој на крајот ќе доведе до решение во кое ќе бидат вклучени две држави, пренесува „Танјуг“.
The post По смртта на Синвар, Мелони повика на итен прекин на огнот во Газа appeared first on Локално.