Почеток КУЛТУРА Двојна изведба на раскошната балетска претстава „Дамата сокамелии“ од Џузепе Верди

Двојна изведба на раскошната балетска претстава „Дамата сокамелии“ од Џузепе Верди

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На 30 октомври и 2 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и
балет ќе се изведе раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката
на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

Претставите ќе се изведат под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард
Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев,
кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, a
раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка.

Во улогите на Маргарита и Арманд на 30 октомври ќе настапат првенците: Марија Кичевска
Шокаровска и Франциско Хименес Руиз (Шпанија), а на 2 ноември: Наташа Трендафилова
Гицев и Валери Љубенко (Украина).

Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
„Не е првпат тажната приказна во „Дамата со камелии“ да ги инспирира кореографите. Заедно со
костимографот и сценограф, Павол Јураш, сакав претставата да ја направиме класична,
традиционална, но и наша оригинална, различна од другите.“ – Василиј Медведев, кореограф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro