Почеток ЕКОНОМИЈА Руското обвинителство бара „Шел“ да плати повеќе од една милијарда евра отштета

Руското обвинителство бара „Шел“ да плати повеќе од една милијарда евра отштета

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Руското државно обвинителство бара од енергетската компанија „Шел“ да плати над една милијарда евра отштета поради напуштањето на проектот за производство на течен гас „Сахалин-2“, соопшти денеска прес-службата на Арбитражниот суд во Москва.

Прелиминарното рочиште во неодамна поднесената тужба против „Шел“ е закажано за 11 декември, пренесе „Комерсант“.

Британско-холандската компанија „Шел“ се уште не се огласила. Проектот „Сахалин-2“ беше лансиран во 1994 година врз основа на соработката на „Газпром“, кој задржа контролен пакет од 50 отсто плус една акција, компанијата „Шел“ со 27,5 отсто удел, како и јапонските компании „Мицуи“ 12,5 отсто и „Мицубиши“ 10 проценти.

По почетокот на војната во Украина во 2022 година, компанијата „Шел“ објави дека го напушта проектот, а „Газпром“ потоа го презеде нејзиниот удел.

The post Руското обвинителство бара „Шел“ да плати повеќе од една милијарда евра отштета appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro