Почеток СВЕТ Изборите во Молдавија и референдумот за ЕУ се врвот на конфронтацијата со Русија

Изборите во Молдавија и референдумот за ЕУ се врвот на конфронтацијата со Русија

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Граѓаните на Молдавија денеска избираат претседател и гласаат на референдум за внесување во Уставот дека цел на земјата е членство во ЕУ.

Прозападната претседателка Маја Санду (52) се надева дека ќе обезбеди втор мандат и поддршка на референдумот за да се потврди пристапувањето кон ЕУ како стратешка цел во уставот.

Анкетите укажуваат дека Санду може да победи на изборите, каде што се натпреваруваат 11 кандидати, како и дека мнозинството ќе го поддржи пристапувањето кон Унијата.

Ако ниту еден од 11 претседателски кандидати не освои повеќе од 50 проценти од гласовите во првиот круг, вториот круг ќе се одржи на 3 ноември.

Според анкетите Санду има поддршка од 35,8 отсто, што е далеку повисока од кој било од останатите десет кандидати. Нејзините двајца најголеми противници поранешниот обвинител поддржан од традиционално проруската Социјалистичка партија, Александар Стојаногло, кој има девет проценти поддршка, и поранешниот градоначалник на Балти, Ренато Усати со 6,4 отсто поддршка од граѓаните.

Маја Санду, поранешна вработена во Светска банка, победи на изборите во ноември 2020 година како антикорупциска реформаторка со проевропска агенда.

Врвот на конфронтацијата меѓу Русија и проевропските сили во Кишињев е достигнат. Претседателските избори и консултативниот референдум за поддршка на интеграцијата во ЕУ претставуваат пресвртница во историјата на поранешната советска република.

Потврдувањето на референдумот од гласачите ќе претставува „втора декларација за независност“, изјави Анатол Шалару, поранешен министер за одбрана во интервју за романските медиуми.

Низ целата земја, со површина малку поголема од Белгија, но со шест пати помала популација, околу 2,5 милиони жители, се одвива скриена војна, во која Кремљ се обидува да го задржи своето влијание и да го поткопа пристапот на Молдавија кон Европската унија.

Шалару, значаен глас кој се залага за одвојување на земјата од Русија, говори за тоа како разузнавачките служби се обидуваат да ги спречат непријателските акции на Москва.

Применуваат нови методи во борбата за дестабилизација и дискредитација на референдумот во Молдавија. Тие сè уште ги координираат фабриките за тролови, кои беа исклучително активни во овој период. Иако властите успеаја да затворат десетици сметки на социјалните мрежи кои пропагираат лаги, руските тролови продолжија да дејствуваат,а минатиот месец беше објавена сума од 15 милиони долари за купување гласови против референдумот , укажува Шалару.

Според проценките, досега над 130.000 луѓе добиле пари за активно да се вклучат во претседателската изборна кампања и против референдумот и против Маја Санду. Акција од толкава големина досега не се случила во Молдавија.

Никогаш немало толку голем притисок од Русија. Во пресрет на денепните избори и референдум имаше бројни информации дека стотици млади луѓе се обучени во воени кампови во различни странски земји. Свештеници се повикани во Москва и обучени за кампања против Западот, за промовирање на антиевропска, антимолдавска и проруска пропаганда со што се потврдува дека Русија сака Молдавија да остане во нејзината сфера на влијание.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro