Некогашниот репрезентативец и ракометар на Мталург, Словенецот Ренато Вугринец, е новиот спортски директор на РК Партизан.
Вугринец во својата долга и успешна кариера играше и за Цеље, со овој тим во 2004 година ја освои и Лигата на Шампионите, потоа настапуваше и за Магдебург, Хамбург, Сан Антонио, Марибор, играше и за клубови во Катар и Израел.
Среќен сум што со ова станувам дел од црно-белото семејство. Живеам во Белград веќе две години и во семејството сите сме фанови на Партизан. Со задоволство прифатив да бидам спортски директор, очекувам успеси во иднина, изјави покрај другото Вугринец.
The post Ренато Вугринец стана спортски директор на РК Партизан appeared first on Република.