Почеток СВЕТ Јужнокорејските власти: Испраќањето војници од Северна Кореја во Русија е закана за меѓународната безбедност

Јужнокорејските власти: Испраќањето војници од Северна Кореја во Русија е закана за меѓународната безбедност

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Кабинетот на јужнокорејскиот претседател, Јун Сук-Јол, денеска соопшти дека испраќањето војници од Северна Кореја во Русија е сериозна закана за меѓународната безбедност и дека на тоа ќе одговорат со сите расположливи средства. На состанокот со клучните разузнавачки, воени и безбедносни претставници, беше нагласено дека моментната ситуација во воените односи меѓу Русија и Северна Кореја е „сериозна закана не само за Јужна Кореја туку и за меѓународната заедница“, објави „Ројтерс“.

Јужнокорејските власти посочија дека е веројатно некои севернокорејски војници во Русија да се вмешани во конфликтот во Украина, но не дадоа дополнителни детали.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно ја обвини Северна Кореја дека испраќа офицери да ѝ помогне на Русија, а генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека во моментот нема докази за присуство на Пјонгјанг во војната, пренесува „Танјуг“.

The post Јужнокорејските власти: Испраќањето војници од Северна Кореја во Русија е закана за меѓународната безбедност appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro