Broadcasted on October 14, 2024 (Monday) on MRT1 at 20.15.
Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, која гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, ја прашуваме дали иницијативата од претходниот состав на Антикорупциска, по која Уставниот суд го укина „балансерот“, би добила мнозинска поддршка од актуелните членови на Комисијата и дали треба да се донесе закон за правична застапеност. Колку се уверени во доволноста и автентичноста на документите врз основа на кои заклучија дека патувањето на синот на премиерот во Вашингтон и Њујорк не било на државна сметка, дали наскоро ќе има одлука за законитоста на именувањето на Ивана Стојановска за заменик-директорка на Агенцијата за разузнавање и до каде се со прибирањето документи за проверка на легалноста на вонредното унапредување, а потоа и назначување на Сашко Лафчиски за началник на Генералштабот на Армијата – се меѓу темите за кои разговараме со шефицата на ДКСК. Ја прашуваме и за промената на членовите на независни и самостојни државни комисии што се прави со законски измени по скратена постапка за што реагираше Платформата за борба против корупцијата. Неизбежна тема се и случаите со службени возила и дипломатски пасоши за ДКСК, како и реакциите дека новиот состав на Антикорупциска е избор на партиите во процес во кој свој збор требаше да има граѓанскиот сектор.
Прегледи: 3475
6 коментари
Lazi lazi vere. Nit ke pomogni nit ke napraj nesto.
I ovaa e godini i godini vo drzavna institucija zima narodni pari a nisto u sustina ne pravi,klati vrata zemaj plata
Ovaa komisija e nepotrebna,toa se dokaza soprethodnata komisija, tie ukazuvaat ama nema zavrsnica,kucinataa laat magareto si vrvi natovareno😢
Dobro e sto se zainteresiravte da prasate za sinot na Premierot,ama toa se mali pari,nekolku iljadarki, fatetese za tie sto gi ukradija
Milioni evra, ama I vie novinarite ste za proverka oti samo ako vi odgovara vas prasuvate,ako ne kutite za takvi kriminalce,sigurno ste lapnale od kolacot
Знаменце на расклопување,има чадорчиња на расклопување
Mnogo lafe nisto ne kazuve…