Радарските служби на Романија и во петокот вечер регистрирале беспилотно летало во националниот воздушен простор, два дена откако беа испратени два борбени авиона да пресретнат дрон што се приближувал до Констанца на црноморскиот брег.
Сигналот од дронот регистриран во петокот бил слаб, а пилотите во пресретнувачите изјавиле дека не можеле да воспостават визуелен контакт со леталото регистрирано на радарите.
War in #Ukraine reaches #Romania‘s doorstep as radar detects second drone in recent days pic.twitter.com/S0c120Ps2e
— The Times Of India (@timesofindia) October 20, 2024
Во петокот бил регистриран дрон во истиот регион, но 19 километри подлабоко во романскиот простор. Биле испратени два романски авиона „ф-16“ и два шпански „ф-18“, но пилотите повторно не забележале ништо.
The post Романија повторно подигна воени авиони: „Неидентификуван објект“ го наруши воздушниот простор appeared first on Република.