Почеток СВЕТ Кремљ ги откри деталите од разговорот на Вучиќ со Путин

Кремљ ги откри деталите од разговорот на Вучиќ со Путин

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот лидер Владимир Путин денеска телефонски разговарале по повод 80-годишнината од ослободувањето на Белград, потврдија од Кремљ, коментирајќи дека Белград и Москва се заинтересирани за натамошно зајакнување на заемно корисната соработка на различни полиња.

Како што се наведува во официјалното соопштение, „двете страни го изразија своето задоволство од нивото на билатералните односи, кои се засноваат на духовно, културно и историско заедништво и единствена оценка за минатото и сегашноста“.

– Лидерите разменија честитки по повод 80-годишнината од ослободувањето на Белград од германско-фашистичките освојувачи. На тој ден во 1944 година заврши Белградската офанзивна операција на Советската армија, во која учествуваа единици на Народноослободителната војска на Југославија. Тоа беше еден од клучните настани од завршната етапа од Втората светска војна на Балканот – се вели во соопштението.

Вучиќ, како што се наведува понатаму, „му се заблагодарил на Путин за принципиелниот став дека Руската Федерација се зазема за територијалниот интегритет на Србија“, а лидерите разговарале и за Украина.

Претседателот Вучиќ претходно ги информираше граѓаните дека разговорот со претседателот Путин се одвивал во пријателски тон и дека токму рускиот претседател на тој разговор додал „лична нота“, што само по себе е показател за односот меѓу двете земји и нивните водачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro