Почеток КУЛТУРАСцена (ФОТО) НОВИОТ ДЕЧКО ЈА СЛЕДИ АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ВО ЧЕКОР: Тој е 8 години помлад, нејзините деца го сакаат, а таа одамна не БЛЕСКАЛА ВАКА

(ФОТО) НОВИОТ ДЕЧКО ЈА СЛЕДИ АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ВО ЧЕКОР: Тој е 8 години помлад, нејзините деца го сакаат, а таа одамна не БЛЕСКАЛА ВАКА

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Анџелина Џоли била придружувана од нејзиното, наводно, момче Акала на премиерата на филмот „Марија“ на 68. BFI London Film Festival во Royal Festival Hall во Лондон во петокот.
Анџелина Џоли ги подгреала гласините за романсата со британскиот рапер кога биле видени како го напуштаат нејзиниот хотел за време на меѓународниот филмски фестивал во Венеција во август. Анџелина е видена во јавноста неколку пати со Акала додека нејзиниот бурен развод со Бред Пит се уште трае, иако извори за магазинот People тврдат дека тие двајца се само пријатели.

Од друга страна, In Touch пишува дека актерката и музичарот се гледаат околу една година. Тие во мај минатата година биле на Литературниот фестивал во Јамајка, каде што се појавијле Шајло и Захара, кои според странските медиуми се во одлични односи со раперот. Тој бил многу заштитнички настроен кон нив, а таквиот однос кон нејзините деца и е многу важен на Анџелина.

Како што неодамна открил извор близок до актерката, Анџелина и Акала делат силна врска, а друг извор вели: „Тие ја делат истата страст кога станува збор за социјални и хуманитарни иницијативи“.
„Со текот на годините тие соработуваа на неколку проекти кои се фокусираат на глобалните прашања, како што се човековите права. Анџелина секогаш зборува многу пофално за него“. Извор на магазинот „Пипл“ тврди дека Анџелина „моментално е сингл и не е во сериозна врска“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oggi (@oggisettimanale)

Анџелина на премиерата на филмот во кој ја толкува славната Марија Калас пристигнала сама, но набргу по неа на црвениот тепих прошетал и Акала. А дали е пријателство или нешто повеќе, ќе покаже времето.

Фото: Принтскрин/Instagram

The post (ФОТО) НОВИОТ ДЕЧКО ЈА СЛЕДИ АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ВО ЧЕКОР: Тој е 8 години помлад, нејзините деца го сакаат, а таа одамна не БЛЕСКАЛА ВАКА appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro