Навивачите на фудбалерот Деклан Рајс застанале во негова одбрана откако корисник на Твитер ја нападнал неговата долгогодишна девојка. Несоодветната објава се однесува на девојката на Рајс, Лорен Фрајер, а твитот собрал речиси 14 милиони прегледи и уште илјадници коментари од згрозените од објавата.
Имено, објавени се две фотографии од среќниот пар кој уживал на заеднички одмор, со ваков опис: „Деклан Рајс е мултимилионер, атлетски граден, познат фудбалер, висок 185 см, но сепак се задоволи со дебела бела девојка. Повеќе не го разбирам овој свет“.
Секако, авторот на овие зборови е анонимен и објавува под псевдоним, а неговата шега никому не му беше смешна.
„Има толку многу грешка во овој твит. Избришете го“, напишало едно лице, додека друго додало: „Замислете да изберете животен партнер врз основа на стандардите за убавина на општеството. Тоа покажува дека имате мало машко его“.
View this post on Instagram
Играчот од средниот ред на Арсенал и неговата девојка се запознале на училиште и почнале да излегуваат кога и двајцата имале 17 години. Лорен го придружувала Деклан на сите важни натпревари.
View this post on Instagram
Двојката го дочека својот прв син во август 2022 година, кој Деклан го означи со нова тетоважа со неговото име и датум на раѓање.
Фото: Принтскрин/Instagram
The post (ФОТО) ЛОШИ МИСЛИ -„Може да има БРУТАЛНИ УБАВИЦИ, но се решил за ДЕБЕЛА ДЕВОЈКА“: Интернетот ГОРИ ОД КОМЕНТАРИ за сопругата на познатиот фудбалер appeared first on ekran.