Српскиот претседател Александар Вучиќ за прв пат по две и пол години разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин, во време кога се очекува официјалната одлука на Белград за учество на Самитот на БРИКС во Казан, пренесе француската агенција АФП.
„Ако кажам дека одам во Казан, тоа ќе го означи крајот на европскиот пат на Србија. Ако кажам нешто друго, тие ќе тврдат дека сум ги предал Русите“, изјави Вучиќ претходно оваа недела, додавајќи дека конечната одлука за патувањето ќе ја соопшти до понеделник, 21 октомври.
Претседателот на Србија најави гостување на РТС утре вечер, каде што, веројатно, конечно ќе каже дали ќе одговори на поканата на претседателот Путин и ќе отпатува за Казан.