Почеток СВЕТ Трговија со деца: Бугарин уапсен во Грција, посредувал за посвојувања

Трговија со деца: Бугарин уапсен во Грција, посредувал за посвојувања

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Бугарин е уапсен во Грција поради учество во шема за нелегално посвојување на деца од Бугарија.
При рутинска проверка на личните документи на лица во центарот на Атина, полицијата уапсила 30-годишен Бугарин.

Според полицијата тој е соучесник во најмалку шест случаи на незаконско посвојување. Човекот бил дел од криминална мрежа, која наоѓала сиромашни трудници во Бугарија кои биле подготвени да ги дадат своите деца на посвојување во Грција за одредена сума.

Според истрагата, уапсениот Бугарин добил повеќе од 10 илјади евра за посредување меѓу мајките и мрежата на лекари и адвокати кои ги легализирале посвојувањата. Цената веќе надминува 30.000 евра за бебе, изјавија истражителите од одделението за борба против трговија со луѓе, пренесува БНР.

Уапсениот Бугарин, за кого постојат неспорни докази дека примал пари за продажба на деца, е предаден на обвинителството, соопшти полицијата.

The post Трговија со деца: Бугарин уапсен во Грција, посредувал за посвојувања appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro