Почеток КУЛТУРАСцена Денес се сеќаваме на нашиот познат музичар и автор на песната „Битола, мој роден крај“ – Ајри Демировски

Денес се сеќаваме на нашиот познат музичар и автор на песната „Битола, мој роден крај“ – Ајри Демировски

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Демировски е роден во 1927 година во Битола. Како млад го изучувал берберскиот занает кај Вангел Тодоровски – Мајорот, подоцнежен народен херој. По ослободувањето бил првиот ученик од Битола испратен во Загреб во графичкото училиште да го изучува печатарскиот занает. Но, во Битола тој никогаш не работел како печатар. Се вработил како чувар во Радио Битола. Работејќи во радиото имал несекојдневна прилика редовно да ги слуша во живо најпопуларните битолски и македонски пејачи. Тоа го поттикнало да почне да размислува во насока на создавање на нова македонска музика.

Демировски има компонирано над педесетина песни. Негови се популарните: „Мариче ле лично девојче“, „Таму ле мајко близу Битола“, „Само ти се чудам Цвето“, „Сношти те Маре сонував“, „За кого ти цути Дано лицето“, „Денот ми наблиза на гурбет да заминам” и многу други, за кои се смета дека се народни, бидејќи се општоприфатени.

Најпопуларната меѓу нив е неговата антологиска песна „Битола, мој роден крај“, песна во која ја опеал својата огромна љубов кон родната Битола, песна која претставува неповторлив музички симбол и по која Битола ја препознаваат и распознаваат. Битолчани оваа песна ја прогласиле за песна на векот, а Демировски за почесен граѓанин на Битола во 2006 година.

За Турција заминал во 1955 година. Продукциската куќа ISR од Истанбул за Демировски подготвувала документарен филм во кој во финалната фаза се снимала во Битола кога екипата била затекната од тажната вест за смртта на Демировски.

Починал во Измир, Турција на 21 октомври 2009 година.

 

The post Денес се сеќаваме на нашиот познат музичар и автор на песната „Битола, мој роден крај“ – Ајри Демировски appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro