Застрашувачки снимки доаѓаат од Велика Британија, каде беснее бурата Ешли, која досега предизвика поплави, пожари и големи материјални штети.
Како што претходно прогнозираа експертите, бурата Ешли „пристигна“ во северозападна Европа во неделата, а од најсилниот удар ќе бидат погодени Ирска, Велс и Шкотска.
Во останатиот дел од викендот циклонот ќе го помести својот центар уште западно и северно од Ирска и ќе ја зафати цела Ирска и Велика Британија.
Storm Ashley hits in Amrothe of Wales, UK. pic.twitter.com/9n0msTLgj7
— News Of The Globe (@NewsOfEarthTr) October 20, 2024
Пожар имало во центарот на градот Корк, каде поради силно невреме биле срушени електрични кабли, кои удриле во дрво и предизвикале пламен. На мрежите беше објавено видео од тој инцидент.
„Бурата Ешли го погоди Салтил вечерва Ова е Атлантикот во неговото најлудо издание“, рече Пол О’Брајан, кој сподели видео од поплави на крајбрежјето и силни ветрови.
Mullet peninsula at 3pm #StormAshley pic.twitter.com/uuMHp7h8iI
— The Glutton (@TheGlutton) October 20, 2024
Издадени се и стотици предупредувања за поплави, а некои патишта се затворени. Има предупредувања за материјални штети на згради, прекини на струја и повреди и опасност по животот од ветровите со голема брзина.
Десетици илјади домови останаа без струја во неделата навечер, откако невремето го зафати островот.
Текстот (Видео) Бурата Ешли беснее низ северозападна Европа, предизвикува поплави и пожари: кружат снимки кои сведочат за силното невреме е превземен од МАКФАКС.