Американската војска го распореди напредниот противракетен систем THAAD во Израел за краток временски период, изјави денеска американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, и додаде дека целта на овој потег е да се зајакне одбраната на Израел откако Иран лансира повеќе од 180 балистички ракети врз земјата.
Остин исто така објасни дека 100-ина припадници на американската војска се распоредени да го поддржат Израел во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток, пренесува „Ројтерс“.
„Системот THAAD е распореден. Имаме можност бргу да го ставиме во функција и засега напредуваме според очекувањата“, изјави Остин пред новинарите пред неговото денешно пристигнување во Украина, но одби да каже дали системот е оперативен.
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека целта на распоредувањето на системот THAAD, заедно со 100-ина американски војници, е да се поддржи одбраната на Израел.
Текстот Остин: САД го распоредија напредниот противракетен систем THAAD во Израел е превземен од МАКФАКС.