Фотографиите на Доналд Трамп, кандидатот за американските избори во 2024 година, како ги опслужува клиентите во Мекдоналдс вчера го обиколија светот. Републиканскиот претседателски кандидат посети ресторан за брза храна во Пенсилванија за да ја пренесе приказната за демократската кандидатка Камала Харис во обид да ги увери гласачите дека никогаш не работела во Мек, како што претходно тврдеше.
So Donald Trump staged this McDonalds photo-op.
YIKES pic.twitter.com/HaiCXhyYsw
— Aaron Parnas (@AaronParnas) October 20, 2024
Но, се покажа дека овој предизборен настап на Доналд Трамп бил наместен и дека „муштериите“ всушност биле негови поддржувачи. На социјалните мрежи брзо се појави изјава на менаџерот на ресторанот, кој ги информирал своите редовни посетители дека во недела „нема да бидат отворени до 4 часот попладне за да го угостат поранешниот претседател Доналд Трамп“.
– Планираме да бидеме затворени во недела на 20 октомври до 16 часот за да ги угостиме поранешниот претседател Доналд Трамп и членовите на неговиот предизборен тим. Иако не сме политичка организација, ги отвораме вратите за секој што ќе изрази желба да не посети… Се извинуваме за непријатностите и фактот што го затворивме нашиот ресторан и со нетрпение ја очекуваме можноста наскоро повторно да ве услужиме, се вели меѓу другото во изјавата на Дерек Џакомантони која е објавена на социјалната мрежа Х.
“So in an effort to highlight his claim that Kamala Harris never worked at McDonald’s, Trump pretended to work at a closed McDonald’s where he served pretend orders to supporters pretending to be customers” https://t.co/KykzMAZz9F
— New York Magazine (@NYMag) October 21, 2024
Медиумите кои се наклонети кон демократската кандидатка на американските избори во 2024 година, Камала Харис, едвај го дочекаа ова. Така, магазинот Њујорк пишува дека Трамп „сакал да го нагласи своето тврдење дека Камала лажела дека работела во ресторан кога била студентка, преправајќи се дека работи во затворен ресторан каде што послужувал лажни клиенти кои имале лажни нарачки“.
На социјалните мрежи, еден корисник ги праша гласачите на Трамп „како е можно да не ви е доста од Трамп да ве прави будали секој ден?
Зошто Пенсилванија?
Доналд Трамп не случајно ја избра Пенсилванија како држава на која треба да и посвети посебно внимание. Оние кои ги следат американските избори знаат дека обично се случува да победи кандидатот што ќе ја освои Пенсилванија, бидејќи е винг држава која носи 19 електорски гласови. Според резултатите од последните анкети, Трамп и Камала Харис таму се целосно изедначени.
На хамбургер кај Трамп – претседателскиот кандидат собира гласови во „Мекдоналдс“/ВИДЕО