Почеток Црна Хроника Жена барана од Интерпол уапсена на „Табановце“, Косовар се обидел да ѝ избега на полицијата

Жена барана од Интерпол уапсена на „Табановце“, Косовар се обидел да ѝ избега на полицијата

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Две лица барани од Интерпол вчера биле уапсени на македонските гранични премини.
Во првиот случај, во 12.45 часот на Граничниот премин Јажинце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода З.К.(40) од Косово затоа што при извршена проверка констатирано било дека евидира со мерка „апси“, по барање на Интерпол-Австрија.
З.К. се обидел да избега, но бил спречен од полициски службеници. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Тетово за понатамошна постапка.
Во исто време на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода И.К.(35) од Словачка, затоа што при извршена проверка било констатирано дека била барана од Интерпол–Словачка.
Таа била предадена на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.

The post Жена барана од Интерпол уапсена на „Табановце“, Косовар се обидел да ѝ избега на полицијата appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro