7
Македонската кошаркарска легенда Тони Симиќ повеќе не е тренер на прволигашот Шкупи, откако ги загуби трите натпревари на стартот на сезоната и тоа од градски ривали МЗТ Скопје, Работнички и Чаир 2030.
Симиќ имаше добри резултати со составот од Чаир во минатата сезона, успеа по пауза од неколку години да го врати во домашната елитна конкуренција, но и тоа во случајов не му помогна да добие повеќе време да ја разигра новата екипа.
Шкупи во четвртото коло е домаќин на Вардар, состав кој исто така има три порази по исто толку одиграни натпревари.