Почеток БАЛКАН Подигнати 60 кубни метри непрописно одложен отпад

Подигнати 60 кубни метри непрописно одложен отпад

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во текот на изминатиот викенд, екипите на јавното претпријатие Комунална Хигиена отстраниле десетина диви депонии лоцирани во скопските општини: Чаир, Центар, Кисела Вода и Ѓорче Петров.

-Во општината Чаир е интервенирано во населбата Серава, како и на
булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица), каде што се подигнати 20 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана во непосредна близина на скопското Теќе. Во општината Ѓорче Петров се расчистуваа диви депонии на улиците: „Борис Сарафов“ и „Лихнида“ – информираат од ЈП Комунална Хигиена.

Оттаму додаваат дека биле отстранети и приближно 15 кубни метри отпад одложен на јавна површина на улицата „Вера Јоциќ“, во општината Кисела Вода. Воедно, во текот на викендот биле подигнати и околу 10 кубни метри отпад од картонска амбалажа и кабаст отпад одложени на Кејот „13 Ноември“ во строгиот центар на градот.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro