Почеток БАЛКАН Се реконструираат нови 5.322 квадратни метри коловоз

Се реконструираат нови 5.322 квадратни метри коловоз

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Општина Ѓорче Петров успешно реализира уште една започната реконструкција со вкупно нови 5.322 квадратни метри коловоз.

Во рамки на проектот, завршени се: улицата „Исаија Мажовски“ (Хром): 3.122 квадратни метри нов коловоз, улици во Стопански Двор и Волково: 2.300 квадратни метри нови улици, вклучувајќи: -улица „51“ (Стопански Двор), улица „31“ (Волково)  и улица „49“ (Волково).

-Со завршувањето на овие проекти, значително го подобруваме  квалитетот на животот на нашите граѓани и ја зголемуваме безбедноста во сообраќајот – изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров,  Александар Стојкоски.

Тој додаде дека се започнати и работите на пешачката улица во населба Александрија, а во Волково се поставува нова канализациона мрежа на улица „35“, што, како што вели ќе обезбеди подобри услови за живот.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro