6
Во центарот на Кисела Вода денеска беше ставено во функција новото реконструирано целосно инклузивно детско катче на површина од над 400 квадратни метри.
Од Општина Кисела Вода информираат дека реквизитите ќе можат да ги користат сите, вклучувајќи ги и дечињата со посебни потреби, а се поставени врз гумена подлога и просторот е ограден и безбеден за користење.
-Реконструкцијата опфаќа и кошаркарско игралиште кое ќе се наоѓа во склоп на самиот парк, па така, жителите од овој дел на општината ќе имаат и можност да спортуваат на нов и модерен терен. Секако, шпросторот добива и нова урбана опрема.