6
Пицерија во германскиот град Дизелдорф се најде на удар на полицијата поради необичен додаток на нејзините јадења.
Имено, ресторанот испорачувал пици со кокаин, кој во менито бил прикажан како „пица бр. 40“.
Според информациите од германската полиција, оваа пица станала една од најпродаваните, што предизвикало сомнеж кај надлежните.
Триесет и шестгодишниот сопственик на ресторан бил фатен на дело додека се обидувал да уништи докази. Во моментот кога полицијата му тропнала на врата, тој низ прозорецот фрлил вреќа полна со дрога, која за среќа на надлежните завршила директно во нивни раце.