Ракометарот на скопски Вардар, Црногорецот Вуко Борозан најверојатно нема да настапи на утрешниот натпревар од Европската лига што „црвено-црните“ ќе го играат против екипата на Порто.
Причината е бизарна, во Скопје го нападнале улични кучиња. Веста ја потврди неговиот тренер Владо Неданоски. Тој рече дека црногорскиот играч по инцидентот завршил во болница.
Се случуваат неочекувани работи во нашиот главен град. Вуко Борозан беше нападнат од кучиња додека се шетал со своите деца и заврши в болница. Бранејќи се од кучињата, заработи 14-15 конци, изјави Неданоски денеска на прес-конференцијата.
Инаку Борозан се врати во Вардар откако со овој клуб претходно ја освои Лигата на шампионите.
The post Шиен е на повеќе места по телото со 14-15 конци, искасан е од кучиња: Ракометарот Вуко Борозан завршил во болница appeared first on Република.