Broadcasted on October 21, 2024 (Monday) on MRT1 at 20.15.
Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Влен“, Арбен Таравари, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, го прашуваме дали премиерот Христијан Мицкоски му кажал на што го темели поголемиот оптимизам за пристапниот процес на земјава во ЕУ откако се врати од самитот во рамки на Берлинскиот процес, дали „Влен“ може да си дозволи да оди на локални избори со блокирани евроинтеграции, дали остануваат на рокот од шест месеци за утврдување план што ќе се прави со уставните измени, дали има чувство дека во ВМРО-ДПМНЕ го чекаат исходот од американските претседателски избори… Тема се и укинувањето на „балансерот“, подготовката на закон за правична застапеност, резолутното „не“ од премиерот за државна академија на науките на Албанците, како и критиките од ДУИ дека „Влен“ има подредена улога во власта. Од ресорот здравство разговараме за можноста за зголемување на платите, пред сè, за средномедицинскиот персонал, најавите за интегрирање на клиниките во еден ентитет, односот кон темата за изградба на нов клинички центар, можноста докторите од јавното здравство да работат дополнително каде што сакаат.
Прегледи: 650
3 коментари
Како што е и вообичаено, редовно… убава емисија… А исто така и Сабитажата на ниво….
Korekcia za novinarot.Vladata ne e" na Kristijan Mickovski"
Gospodin Taravari prodava gola voda.Makedonia Ima dogovor so EU ne so vladite na Bugaria.🤣