Почеток СПОРТ Калин Ивановски по пауза од 11 месеци се враќа на тенисот

Калин Ивановски по пауза од 11 месеци се враќа на тенисот

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ја остави повредата зад себе и му се враќа на активното играње тенис по скоро една година пауза.

Нашиот најдобар тенисер имаше операција и мораше да мирува од терените подолг период и најверојатно ќе игра на фјучрс-турнирот во Трнава, Словачка, кој се игра на тврда подлога.

Ивановски во моментов е на 928. место на АТП-листата, а најдобриот ранкинг му беше непосредно пред операцијата, кога се наоѓаше на 305. место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro