Почеток Повеќе од милион луѓе погодени од поплавите во Јужен Судан, повеќе од 250.000 раселени

Повеќе од милион луѓе погодени од поплавите во Јужен Судан, повеќе од 250.000 раселени

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Повеќе од еден милион луѓе се погодени од поплавите во Јужен Судан кои зафатија голем дел од земјата, а повеќе од 250.000 се раселени, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Во соопштението се наведува дека раселените засолниште бараат на места на поголема надморска височина.

OCHA истакнува дека тоа е една од најлошите сезони на поплави што ја доживеа Јужен Судан, земја со повеќе од 11 милиони жители, во последните децении, јавува Би-би-си.

Во Пибор, во источен Јужен Судан, 112.000 луѓе останаа без покрив над главата поради поплавите, соопшти локалната владина агенција за помош. OCHA укажува дека испораката на хуманитарна помош е отежната бидејќи 15 главни патишта за снабдување се блокирани поради поплави.

Поплави го погодија Јужен Судан додека земјата се справува со влијанието на 18-месечната граѓанска војна во соседен Судан, предупредува OCHA. Повеќе од половина милион бегалци од Судан кои избегаа од граѓанската војна се регистрирани во Јужен Судан од април минатата година.

Текстот Повеќе од милион луѓе погодени од поплавите во Јужен Судан, повеќе од 250.000 раселени е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro