Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ на 20 октомври, на последната фестивалска вечер, во присуство на многубројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници од политичкиот и од културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор, беа доделени наградите на 9. издание на МФФ „Киненова“.
„Гран при“ доби филмот „Жена убиец“ на грчката режисерка Ева Натена, која на оригинален начин го доловува родовото прашање, адаптирајќи за големото платно ремек-дело на светската литература со одлична режија.
Наградата за најдобра режија ја доби хрватскиот режисер Андреј Коровљев за филмот „Хотел Пула“, за извонредната употреба на филмскиот јазик, за деликатниот начин на кој ги прикажа тешките настани и ликови од војната во поранешна Југославија, сугерирајќи дека љубовта може да постои дури и на места каде што никогаш не би ја очекувале.
Наградата за најдобро сценарио ја доби Навид Михандуст за филмот „Кафе“.
За најдобар краток филм е награден „48 часа“ на иранската режисерка Азадех Мусави.
Одлуките за наградите ги соопшти претседателот на жирито, Јани Бојаџи.
Присутните ги поздравиja: директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ, уметничката директорка Гена Теодосиевска и селекторот на филмската програма, Игор Анѓелков.
Фестивалот беше затворен со проекција на филмот „На сè ќе дојде крај“ на режисерот Рајко Грлиќ, а по проекцијата, пред присутните се претставија продуцентката Елена Станишева и актерот Јанко Поповиќ Волариќ.
The post Доделени се наградите на 9-то издание на Меѓународниот Филмски Фестивал „Киненова“ – „Гран при“ за филмот „Жена убиец“ на грчката режисерка Ева Натена appeared first on ekran.