Почеток МАКЕДОНИЈА Левица со кривична против Гаши поради блокадата на Законот за бранители

Левица со кривична против Гаши поради блокадата на Законот за бранители

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев информира дека неговата партија поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието, Африм Гаши поради блокадата на Законот за бранителите. Законот е заглавен во собраниска процедура откако претседателката на матичната комисија реши да не свикува седница по истиот.

-Ваква ситуација кога претседател на Комисија да не свикува седница по одреден закон и решава да блокира, е предвидена со новиот Деловник на Собранието и оттаму должност и надлежност на претседателот на Собранието да ја одблокира законската постапка. Африм Гаши уште пред месец дена изјави дека нема намера да го одблокира Законот за бранителите и дека нема намера да свикува седница. Со ова, Гаши не си ја исполнува деловничката обврска, прави штета и кривично дело против службената должност. Поради тоа, Левица му поднесе кривична пријава, кажа Јанчев на прес-конференција во Собранието.

Јанчев смета дека целата ситуација е со цел законот никогаш да не дојде на дневен ред.

The post Левица со кривична против Гаши поради блокадата на Законот за бранители appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro