Почеток ЕКОНОМИЈА ДЗС: Просечната месечна плата во август 2024 г. изнесува 41.097 денари и за 12,9 отсто е повисока во споредба со истиот месец лани

ДЗС: Просечната месечна плата во август 2024 г. изнесува 41.097 денари и за 12,9 отсто е повисока во споредба со истиот месец лани

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41.097 денари, што е за 12.9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (18.9 %), Уметност, забава и рекреација (18.8 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (5.3 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (4.2 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.2 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во август годинава, изнесувала 61 806 денари.

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro