Почеток МАКЕДОНИЈА Мицкоски: На голем број европски дипломати им ја пренесов пораката на македонските граѓани

Мицкоски: На голем број европски дипломати им ја пренесов пораката на македонските граѓани

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Со состанокот што го имавме со претседателот на Австрија, Ван дер Белен ја завршуваме официјалната билатерална посета во Австрија којашто започна со учеството на настанот во Салцбург, соопшти предмалку премиерот Христијан Мицкоски кој ја предводеше македонската делегација.

Зборувавме со голем број европски дипломати на коишто ја пренесов пораката на македонските граѓани како и нашите очекувања како држава.
Ја завршуваме посетата со настанот, учеството на австриската дипломатска академија каде што ќе зборувам со што се соочуваме како држава и кои се нашите приоритети како Влада.
Имавме успешна и плодна билатерална посета во Австрија. Продолжуваме да се бориме за Македонија и македонските граѓани, како и за националните интереси, порача Мицкоски.

The post Мицкоски: На голем број европски дипломати им ја пренесов пораката на македонските граѓани appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro