Аеродром во Нов Зеланд има ограничено време за прегратки при поздравување и добредојде за да спречи гужва. Меѓународниот аеродром Данедин, град на Јужниот Остров, воведе ограничување на прегратките од три минути како дел од поширокиот план за подобрување на безбедноста и избегнување метеж во областа на пристигнувања и поаѓања.
Натписот поставен на аеродромот предупредува дека максималното дозволено време за прегратка е три минути: „За поубаво збогум, користете го паркингот“.
Забраната за подолги гушкања предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, но претставник на аеродромот рече дека сето тоа било со цел добра забава.
-Знакот е во согласност со нашето брендирање кое треба да биде малку необично и забавно во начинот на кој испраќаме порака, рече генералната менаџерка на аеродромот Данедин за развој на бизнисот, Меган Крафорд за веб-страницата Stuff.
Во септември, аеродромските оператори го преместија местото оставање патници со возила на друга локација со цел да го подобрат протокот на сообраќај и безбедноста околу терминалот.
Со промената дојдоа и новите знаци. На друг пишува: „Тешко е да се каже збогум, затоа направете го тоа брзо. 3 минути максимум“.
Данедин е втор по големина град на Јужниот Остров во Нов Зеланд со околу 135.000 жители.