Почеток СВЕТ Населението на Украина намалено за 10 милиони од почетокот на војната

Населението на Украина намалено за 10 милиони од почетокот на војната

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Населението на Украина се намалило за 10 милиони луѓе или околу една четвртина од почетокот на руската инвазија, соопшти ОН.

Намалувањето се должи на бегалскиот бран, падот на наталитетот и загинатите во војната, изјави Флоранс Бауер, регионална директорка за Источна Европа на Фондот за население на ОН.

Таа истакна дека уште пред инвазијата Украина се соочуваше со демографски предизвици, а војната ја влоши состојбата.
Во 1991 година, Украина имаше над 50 милиони жители, додека пред инвазијата во 2022 година бројот изнесуваше околу 40 милиони.

The post Населението на Украина намалено за 10 милиони од почетокот на војната appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro