Почеток СВЕТ Ким Џонг Ун ги посети ракетните бази, американското оружје го нарече „закана“

Ким Џонг Ун ги посети ракетните бази, американското оружје го нарече „закана“

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, ги посети стратешките ракетни бази и ја испита подготвеноста „за стратешка акција за одвраќање“, додека американските стратешки нуклеарни капацитети ги окарактеризира како закана, објавија денеска државните медиуми.
Ким, исто така, повика на модернизација на вооружените сили, притоа давајќи приоритет на стратешките ракетни сили во иднина, нарекувајќи го „важен принцип на стратегијата за изградба на националната одбрана“.
За време на посетата на ракетните бази, Ким беше придружуван од неговата сестра Ким Јо Џонг и Ким Јонг Сик, првиот заменик директор на Одделот на Централниот комитет на владејачката Работничка партија на Кореја.

The post Ким Џонг Ун ги посети ракетните бази, американското оружје го нарече „закана“ appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro