Почеток ЕКОНОМИЈА Драматични прогнози на „Фридрих Еберт“: Околу 42 отсто од младите сакаат да ја напуштат Македонија

Драматични прогнози на „Фридрих Еберт“: Околу 42 отсто од младите сакаат да ја напуштат Македонија

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Од сите земји на Југоисточна Европа, најмногу млади луѓе од Северна Македонија, 42,67 отсто од нив, изразиле желба да ја напуштат земјата поради лошиот социјален, животен и економски стандард и услови, покажува истражување на „Фондацијата Фридрих Еберт“.

Според резултатите од „Студијата за млади луѓе од Југоисточна Европа 2024“, следното место на таа листа го зазема Босна и Херцеговина, каде би емигрирале 31,18 отсто од младите, а во Албанија тој процент е 36,9.

Што се однесува до другите земји од регионот, во Хрватска 21,62 отсто од младите изразиле потреба да ја напуштат земјата.

Слична е ситуацијата и во Косово, каде 27,83 отсто од младите се незадоволни од животниот стандард.

Во Србија и Словенија 25 отсто од младите изразиле желба да ја напуштат државата, а во Грција таа бројка е 31,26 отсто.

Во Бугарија и Романија, истражувањето покажа најмалку подготвеност на младите да ги напуштат своите земји.

Истражувањето е спроведено на примерок од 8.943 млади луѓе од Југоисточна Европа, на возраст од 14 до 29 години и покажа дека 23 отсто од нив подобрата плата ја гледаат како една од клучните причини за иселување од државата.

67 отсто од испитаниците истакнале дека економските фактори и можности играат важна улога во иселувањето на младите, додека за 62 отсто од нив корупцијата е најголемиот проблем со кој ќе се соочат нивните земји во следната деценија.

The post Драматични прогнози на „Фридрих Еберт“: Околу 42 отсто од младите сакаат да ја напуштат Македонија appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro